ЕЦБ: На Европа ѝ е потребна подлабока финансиска интеграција

Европската Унија мора да ја забрза економската и финансиската интеграција со цел да ја зголеми продуктивноста, да ги поттикне инвестициите и да ја зачува конкурентноста во услови на растечки геополитички и економски предизвици, изјави Френк Елдерсон, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Зборувајќи на конференција посветена на финансирањето на стратешки инвестиции во Европа, Елдерсон оцени дека европската економија се соочува со структурни предизвици кои бараат подлабока соработка на земјите-членки и поефикасно користење на расположливиот капитал, објави ЕЦБ.

Тој истакна дека Европа има значително ниво на заштеди, но дека фрагментацијата на финансиските пазари сè уште го ограничува нејзиното претворање во продуктивни инвестиции.