Нови проблеми за Croatia Airlines – Французите ќе носат нискобуџетни авиокомпании на Плесо?

71

CROATIA-EU-ENLARGE-ECONOMYCroatia Airlines ќе ги објави финансиските резултати за 2013 година на почетокот на годинава, а веднаш потоа министерот за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ ќе започне нова постапка за приватизација на оваа авиокомпанија.

Резултатите се очекува да бидат многу добри. Врз основа на добрите резултати, министерот се надева дека ќе се најде купувач за 49% од компанијата, откако на првиот повик не се јави ниту една заинтересирана компанија, пишува Јутарњи лист.

Во меѓувреме, Аеродром Загреб го презеде француски концесионар, кој до 2015 година сака да го зголеми прометот за еден милион патници. За да ја исполни оваа цел, на Плесо во Загреб ќе треба да доведе нови авиокомпании и да отвори нови линии, што е директна конкуренција за националниот авиопревозник. Во овој момент CA има повластен статус и остварува преку 60% од прометот. Но, за зголемување на вкупниот промет, тоа не е доволно.

Директорот на концесионерот Мегународен аеродром Загреб, во интервју за Јутарњи изјавил дека имаат разбирање за CA и дека се подготвени да чекаат да заврши приватизацијата на компанијата. Но, според некои проценки, Французите ќе чекаат најмногу шест месеци, а потоа ќе почнат да носат нискобуџетни компании на загрепскиот аеродром, што може да предизвика големи проблеми за Croatia Airlines ако до тогаш не најде стратешки партнер.