Утрински пад на берзите: Нафтата „Брент“ се лизна под 95 долари

Цените на нафтата утрово паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна утрово за 0,34 проценти, на 94,71 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна за 0,6 проценти, на 92,40 долари.

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,19 поени, додека вчера во ова време беше 99,00 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 159,47 на 159,70 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1635 долари, додека вчера во ова време беше 1,1645 долари.

Фото: Pixabay