
Компаниите со седиште во Европската Унија, кои работат на Куба, сè повеќе ја напуштаат таа земја поради построгите санкции на САД што стапија на сила денес.
Оние компании што остануваат ризикуваат нивните средства да бидат замрзнати или исклучени од американскиот финансиски систем, како и поради построгите санкции што сега ги вклучуваат и деловните врски на ЕУ со Куба, пишува Брисел Политико.
Меѓу најтешко погодените се шпанските хотелски групи Мелија и Иберостар, луксузните одморалишта што управуваа со најубавите плажи на Куба, кои во изминатите неколку недели го повлекоа управувањето и брендирањето од десетици објекти на островот.











