
Сезонски прилагодениот БДП на Еврозоната се намали за 0,2 проценти во првиот квартал од 2026 година во споредба со последните три месеци од минатата година, што претставува прв квартален пад од 2022 година, покажаа податоците на Евростат објавени денес, 5 јуни.
Резултатот е ревидиран надолу во однос на претходната прелиминарна проценка, каде што беше објавен раст од 0,1 процент.
Голем квартален економски пад е регистриран во Ирска, за дури 12,1 процент, додека помал е во Литванија 0,3 проценти, Шведска 0,2 проценти и Франција 0,1 процент, а најголем раст е пријавен од Данска 1,9 проценти, Естонија и Малта, секоја по 1,1 процент.
Меѓу најголемите економии на Еврозоната, Германија порасна за 0,3 проценти на квартално ниво, со исто темпо како и Италија, додека Шпанија забележа раст од 0,6 проценти.
На годишно ниво, економијата на еврозоната порасна за 0,3 проценти во првиот квартал од 2026 година, што е далеку под претходно проценетите 0,8 проценти, како и годишниот раст од 1,2 проценти во четвртиот квартал од 2025 година.











