
Седумте земји-членки на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК), Саудиска Арабија, Ирак, Русија, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман, во иднина ќе произведуваат 188.000 барели нафта дневно, како дел од договореното зголемување на производството за јули оваа година.
Во заедничката изјава од тие земји се наведува дека зголемувањето ја одразува посветеноста на стабилноста на пазарот, пренесува Ројтерс.
Организацијата ОПЕК е основана во 1960 година, а земјите-членки се Алжир, Република Конго, Екваторска Гвинеја, Габон, Либија, Нигерија, Ирак, Иран, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела, а по 2016 година и големиот пад на цените на нафтата, ОПЕК потпиша договори со уште 10 земји-производители на нафта: Русија, Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Бразил, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Јужен Судан и Судан, со што се создаде организацијата ОПЕК+.
Фото: Pixabay











