Авиокомпаниите ја критикуваат Европската унија поради противењето на намалувањето на отштетите за доцнење на летовите

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) остро го критикуваше противењето на Европскиот парламент на намалувањето на надоместоците што патниците ги добиваат поради доцнење на летовите, проценувајќи дека постојните правила ги чинат авиокомпаниите околу осум милијарди евра годишно.

Според регулативата на Европската унија од 2004 година, патниците имаат право на надомест до 600 евра ако нивниот лет е доцни повеќе од три часа, а правилата моментално се преговараат во Брисел, објавува „Брисел тајмс“.

Мнозинството земји-членки на ЕУ го поддржаа предлогот за пониски такси во јуни минатата година, но Европскиот парламент го отфрли таквото решение во јануари оваа година, со образложение дека сака да ги зајакне правата на патниците.