Ламборџини донесе клучна одлука во врска со електричните возила: Нашите клиенти одлучија…

Ламборџини одлучи да се откаже од електричните модели, барем ако го прашате директорот на брендот Стефан Винкелман. Директорот го призна ова во интервју за американскиот CNBC.

Ламборџини става кочница, директорот Винкелман призна дека се откажуваат од електричните модели

– Нашата одлука да преминеме од традиционалниот мотор со внатрешно согорување на plug-in хибриди беше многу важна за нас и функционираше – вели Стефан Винкелман.

Директорот не сака директно да коментира за стратегиите на конкурентите или за новиот електричен Ферари Лус. Сепак, тој нагласува дека таквите работи никогаш не треба да им се наметнуваат на клиентите.

– Кога го набљудуваме пазарот, гледаме дека прифаќањето на електричните автомобили меѓу нашите клиенти не расте. Затоа, решивме да се откажеме од таа идеја и да преминеме на plug-in хибрид.

Ламборџини е во сопственост на германскиот автомобилски гигант Фолксваген и следи широк глобален тренд. Многу брендови на автомобили во моментов повлекуваат милијарди долари од проекти за електрични автомобили поради слабата побарувачка.

Фото: Pixabay