Американската козметичка групација Revlon одлучи да се повлече од кинескиот пазар, согласно планот за реструктуирање, кој би требало да донесе заштеди од 11 милиони долари годишно.
Продажбата на Revlon во Кина е во пад, а приходите од продажбата во 2012 година учествувале само со 2% во вкупните приходи на компанијата.
Повлекувањето од кинескиот пазар би значело затворање на 1.100 работни места, претежно во оваа земја, стои во соопштението на компанијата, пренесуваат агенциите.