Нова одлука на Регулаторна: Цената на бензинот паѓа, на дизелот и екстра лесното оди нагоре!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.06.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт
од 01.06.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,609 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.06.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,297 ден/кг.

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)