Бројот на одобренија за градба во април се намали за 38% – ќе се изградат 722 нови станови низ земјава

Бројот на одобренијата за градење во април 2026 година е намален за 38.0 % во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод а статистика.

Во април 2026 година се издадени 291 одобрение за градење, што е за 38.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 577 429 илјади денари, што е за 41.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9.3 %) за објекти од нискоградба и 56 (19.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 197 (67.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (32.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од 65 663 м2.

Во април 2026 година:

Најмногу одобренија за градење, 208, се издадени за високоградба
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 83
За изградба се предвидени 722 станови