
Годишната инфлација во Грција се забави во мај од 5,4 проценти во април на 5,2 проценти, објави денес Грчкиот завод за статистика (Елстат).
Мало забавување на растот на цените е забележано во секторите за домување и комунални услуги, од априлските 13,8 проценти на 11,6 проценти, како и во категоријата храна и безалкохолни пијалоци, од 4,4 проценти на 3,5 проценти.
Пад на цените е забележан и кај алкохолот и тутунот, облеката и обувките, како и во сегментот на мебел и опрема за домаќинството, се додава во извештајот.











