
Потрошувачката на енергија во домаќинствата на Европската Унија се намали во текот на 2024 година, трета година по ред, објави Евростат.
Според податоците од Европската статистичка служба, домаќинствата во ЕУ минатата година потрошиле 9,54 милиони тераџули енергија, што е за 0,2 проценти помалку отколку во 2023 година, кога потрошувачката изнесувала 9,57 милиони тераџули.
Трендот на намалување продолжува од 2022 година и ја следи рекордната потрошувачка забележана во 2021 година, кога домаќинствата низ Европската Унија потрошиле 10,98 милиони тераџули енергија.











