ДЗС: Прометот во индустријата порасна за 7,3%

Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 % во април 2026 година во однос на април 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година во однос на април 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, бележи опаѓање од 1.8 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 0.2 %. Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4.5 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 2.0 %.

На странските пазари во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 8.7 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи опаѓање од 0.2 %.

Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, имаат одделите:

  • Производство на прехранбени производи со 3.2 %
  • Производство на метали со 8.3 %
  • Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 43.7 %