Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.3.
Во 2013 година, во однос на 2012 година, индексот на цените на мало бележи пораст од 1,3%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2,8%.
Движењето на индексот на цените на мало во 2013 година беше различно по одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Земјоделски производи за 6,4%, Индустриско-прехранбени производи и Пијалаци за 2,7%, Непрехранбени индустриски производи за 0,8% и Услуги за 0,4%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2013 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 6,9%, Хигиена и здравје за 4,7%, Ресторани и хотели за 3,9%, Исхрана за 3,6%, Тутун и пијалаци за 3%, Покуќнина за 1,5%, Огрев и осветление за 1,1%,
Култура и разонода за 0,9%, Останати услуги, неспомнати на друго место за 0,7% и Стан (станарина, вода и услуги) за 0,6%. Намалување на индексот е забележано во групата Сообраќајни средства и услуги за 0,8%.
Индексот на цените на мало во декември 2013 година, вo споредба со декември 2012 година, забележа пораст од 0,7%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 1,4%.
Индексот на цените на мало во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, забележа пораст од 0,4%. Како резултат на движењето на цените на мало, порастот на трошоците на животот од 0,3% во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, е резултат на порастот на индексите кај зеленчукот за 7,6%, преработките од млеко за 0,4%, свежото и киселото млеко за 0,3% и преработениот зеленчук за 0,2%.
Исто така, во декември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 3%, течните горива и гасот за домаќинствата за 2,7%, нафтените деривати за 1,3%, производите за лична хигиена за 0,5%, обувките за 0,3% и деловите за сообраќајни средства за 0,2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во декември 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 4,3%, алкохолните пијалаци за 0,7% и рибата за 0,5%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 5,7%, авионскиот превоз на патници за 5,4%, електричните апарати за домаќинството за 0,3% и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,2%.