Сместувањето и храната со најголем скок, трговијата со најголем пад на прометот

Прометот од продажбата на услугите е намален за 1.8 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод а статистика.

Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 5.5 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најголемо намалување од 4.8 % во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.

Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголем пораст од 5.5% во прометот на услугите има  во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.