Полошкиот Регион лидер: Граѓаните лани изградија 2.518 домови со просечна површина од 127 квадрати!

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16.2 милијарди денари и завршиле 2 518 станови

Во 2025 година индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 221 364 илјади денари.
Во текот на 2025 година се градени вкупно 2 113 објекти и завршени се вкупно 2 518 станови со вкупна површина од 320 404 м2, од кои 92  се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11 114 м2.

 

Во   2025 година:

  • Завршени се 2.518 станови, а просечната корисна површина е  127.3 м2
  • Најмногу се градело во Полошкиот Регион