
Довербата на инвеститорите во германската економија значително се зголеми во јуни, бидејќи очекуваниот крај на конфликтот на Блискиот Исток и можниот пад на цените на енергијата го поттикнаа оптимизмот во најголемата економија во Европа, објави Центарот за европски економски истражувања (ZEW).
Индикаторот за економски расположение на Институтот ZEW се зголеми за 20,7 поени на 10,5, што е првото позитивно отчитување од март, кога војната на Блискиот Исток ја намали довербата на инвеститорите, објави „Трејдинг економикс“.
Резултатот, исто така, ги надмина очекувањата на пазарот, кои предвидуваа вредност од минус шест поени.











