Скопје во топ 10 градови кои патниците ги избираат за соло патувања, уште еден екс-ју поранешен главен град на листата

Патувањето низ светот самостојно може да биде многу ослободувачко искуство, а GuruWalk штотуку објави листа на најдобри градови за самостојно истражување. Скопје исто така беше меѓу нив.

Платформата за резервација на тури ги анализираше сите резервации направени во изминатите 12 месеци и утврди кој од нејзините 150 најпопуларни градови привлекол најголем процент на соло патници.

На врвот на листата е Торонто, најголемиот град во Канада, каде што повеќе од половина од патниците кои резервирале пешачка тура преку GuruWalk го направиле тоа независно – 50,5 проценти, за да бидеме прецизни.

И тоа не е големо изненадување – ова е еден од најразновидните градови во светот, а неговиот Дистрикт на дестилерија, кој е под заштита на УНЕСКО, импресивната Уметничка галерија на Онтарио (еден од најголемите музеи во Северна Америка), како и бројните плажи и острови, се само почеток на долг список на содржини погодни за соло патници, пишува Time Out.

На второ место, каде што 50 проценти од резервираните тури биле наменети за соло патници, е Санта Ана во Ел Салвадор. Тоа е втор по големина град во земјата, полн со прекрасни неоготски катедрали, но и одлична база за посета на блиските урнатини на Маите или езерото Коатепеке.

Третото место го зазеде Сао Паоло, со 49,5 проценти соло патници, четвртото место му припадна на Тајпеј, додека петтото место го зазеде Куала Лумпур. На осмото место се најде и нашиот главен град – Скопје, а листата на топ 10 ја затвора главниот град на Србија.

Најдобри градови во светот за соло патници
Торонто, Канада
Санта Ана, Ел Салвадор
Сао Паоло, Бразил
Тајпеј, Тајван
Куала Лумпур, Малезија
Ла Паз, Боливија
Хонг Конг
Скопје, Северна Македонија
Сингапур
Белград, Србија