Филоса: Стелинтис преговара со двајца партнери за новата стратегија за Маcерати

Производителот на автомобили „Стелантис“ преговара со двајца потенцијални партнери за соработка во развојот на луксузниот бренд „Масерати“ и наскоро ќе донесе одлука за изборот на партнер, изјави извршниот директор на компанијата, Антонио Филоса.

Тој рече дека преговорите вклучуваат „два важни партнери, кои би можеле да ѝ донесат на компанијата нови технологии, можности за развој и дополнителни иновативни решенија за „Масерати“, објави Ројтерс.

Филоса не го откри идентитетот на потенцијалните партнери, но нагласи дека евентуалниот договор би можел да придонесе за зголемување на производството во италијанските фабрики во Касино и Модена, каде што се произведуваат модели на овој луксузен бренд.