
Американските Федерални Резерви (ФЕД) повторно ја задржаa вредноста на референтната каматна стапка во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, што е во согласност со пазарните очекувања.
Речиси половина од креаторите на монетарната политика на ФЕД веруваат дека зголемувањето на каматната стапка може да биде неопходно оваа година, бидејќи централната банка се соочува со зголемени инфлациски притисоци предизвикани од зголемувањето на цените на нафтата по војната меѓу Иран и Израел.
Според кварталните проекции објавени по вчерашната одлука за каматните стапки, девет од 19-те членови на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) сега очекуваат дека зголемувањето на стапката ќе биде потребно во текот на 2026 година, додека само пред три месеци ниту еден функционер немаше таков став.











