Компаниите потрошиле 13.7 милијарди денари за материјали во 2025, дури 14.9% повеќе од 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика деловните субјекти потрошиле за 14.9 % повеќе градени материјали и енергија во 2025 година во однос на 2024 година

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2025  година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од  13 768 158 илјади денари, што е за 14.9% повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 107 109 илјада денари (37.1 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 3 101 681 илјади денари (22.5%), Материјали за армирање и прицврстување со 1 136 480 илјада денари (8.3%) итн.