Хрватска избра нов прв човек на централната банка – го наследува Вујчиќ кој замина во ЕЦБ

Хрватскиот парламент денес гласаше за избор на Анте Жигман за нов гувернер на Хрватската народна банка (ХНБ).

За изборот на Жигман гласаа 78 пратеници, а 36 гласаа против, објави Индекс.

Жигман беше единствен кандидат по предлог на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и го наследи Борис Вујчиќ на функцијата гувернер на ХДБ.

Пред неговото назначување на новата позиција, Парламентот едногласно го разреши Жигман од функцијата претседател на Административниот совет на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (ХАНФА).

На 1 јуни, Вујчиќ ја презеде функцијата потпретседател на Европската централна банка.

Мандатот на гувернерот трае шест години.