Мицкоски на средба со сопствениците на маркетите: Се бара решение за инфлација под 3 проценти во јули

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одржа работна средба со претставници на најголемите маркети во земјава, на која се разговарало за инфлацијата и цените на основните прехранбени производи. Како што објави премиерот на својот Фејсбук профил, во следниот период се планирани средби и со добавувачите и производителите, со цел годишната инфлација и цените на основните продукти во јули да останат под 3 проценти.

Во текот на вчерашниот ден беше одржана работна средба со претставници на најголемите маркети во државата, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.

Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти.