
SpaceX на Илон Маск изгуби 400 милијарди долари од пазарната вредност во понеделникот во нов бран на нестабилност за компанијата за ракетна технологија и вештачка интелигенција, по нејзиното рекордно деби на Волстрит.
Акциите на SpaceX затворија во понеделник тргувајќи со пад од 16,4 проценти на 154,60 долари, оставајќи ги 31,5 проценти под врвот достигнат по нивната првична јавна понуда (IPO) од 86 милијарди долари на 11 јуни.
Фајненшл тајмс потсетува дека акциите беа котирани на берзата по цена од 135 долари.
Големиот пресврт во цената на акциите на SpaceX доаѓа во време кога приносите на американските државни обврзници значително се зголемија поради очекувањата дека американската централна банка (Федерални резерви) ќе мора да ги зголеми каматните стапки во наредните месеци за да ја ограничи инфлацијата.
Повисоките приноси на ултра-безбедните американски државни обврзници негативно влијаат врз високо вреднуваните технолошки компании како SpaceX, чија вредност се проценува дека е сто пати поголема од минатогодишните заработки.
Падот на пазарната капитализација на SpaceX од 400 милијарди долари во понеделникот беше втората најголема еднодневна загуба за една компанија, според анализата на Financial Times врз основа на податоците од Bloomberg.
SpaceX го заврши тргувањето со пазарна капитализација од 2,03 трилиони долари, што е намалување од интрадневниот врв од речиси 3 трилиони долари достигнат на 16 јуни.











