
Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) издаде итна директива со која нареди вонредни инспекции на 16 патнички авиони Airbus A380, откако беа откриени можни пукнатини на одредени структурни елементи на крилата.
Според наредбата на регулаторот, пет авиони мора да бидат проверени пред следниот лет, додека преостанатите 11 авиони мора да поминат детални контроли во рок од 25 циклуси на летање, пренесува RTL.
EASA објави дека за време на анализата на претходните инспекции, биле забележани пукнатини на делови од внатрешната структура на крилото, поради што е проценето дека се потребни дополнителни проверки за да се утврди обемот на проблемот и евентуалната потреба од поправка.











