Домашното производство покрива речиси 89% од потрошувачката на струја во април

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2026 година изнесува 497 327 МWh, што претставува 88.8 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Држaвниот завод за статистика.

Во април 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
559 906 МWh електрична енергија, 8.026 мил. нм3 природен гас, 268 515 тон јаглен и  83 924 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 88.8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во април 2026 година во однос на април 2025 година:

  •    Потрошувачката на природен гас е зголемена за 11.4 % како резултат на зголемена активност на когенеративните постројки
  •    Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 17.1 %
    Фото: Pixabay