
Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. Секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати.
За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 дена од денот на доставувањето на тоа решение.
Како да платите?
Постапката е едноставна и се состои од неколку чекори:
1. Најавете се во вашиот кориснички профил на е-Даночни услуги (e-ujp.ujp.gov.mk)
2. Изберете ја опцијата „Годишна даночна пријава”
3. Преку копчето „Преглед” отворете ја пријавата за 2025 година
4. Преку копчето „Печати” добијте го налогот за плаќање — тој се наоѓа на третата страница од документот
5. Налогот може да го испечатите или препишете, а при електронско банкарство — доволно е да го ископирате фолио бројот и да го внесете во налогот ПП53
Внимавајте на точноста на уплатата!
УЈП потсетува дека уплатата нема да биде успешно евидентирана доколку не се точно внесени:
• Даночниот идентификациски број (ЕМБГ) на обврзникот
• Фолио бројот
• Сите останати елементи од налогот за плаќање
Дополнително, доколку уплатата ја врши друго лице (член на семејство или трето лице), потребно е претходно да се изврши промена на налогодавец во спротивно уплатата нема да биде евидентирана.
Упатство за плаќање во име на трето лице достапно е на следниот линк: https://youtu.be/OPHSUunsKQM. На ист принцип се врши и промена на налогодавачот во налогот за плаќање по ГДП, со тоа што во полето за фолио број се внесува фолио бројот од налогот по ГДП.












