
Кинеското Министерство за трговија денес објави дека Кина вовела нови мерки за контрола на извозот поврзани со 40 јапонски компании, објаснувајќи дека тие придонесуваат за „ремилитаризација“ на Јапонија.
Според одлуката на Пекинг, 20 компании, вклучувајќи ја и Mitsui E&S, беа додадени на листата за следење на производи со двојна употреба, што значи дека стоката може да се користи и за цивилни и за воени цели, објави АП.
Кинеските компании што извезуваат во тие фирми ќе мора да бараат посебни дозволи, да поднесат проценки на ризик и да обезбедат писмени гаранции за цивилната употреба на производите.











