Норвешка планира да го изгради првиот тунел за бродови во светот со должина од 1,7 километри

Владата на Норвешка повторно го вклучи во својот буџет проектот за изградба на првиот бродски тунел во светот, „Стад“, кој ќе биде долг околу 1,7 километри, широк 36 метри и висок речиси 50 метри, со длабочина од 12 метри во пловниот канал.

Норвешката крајбрежна администрација потоа објави дека е подготвена да потпише договор со изведувачот и да продолжи со реализацијата на овој проект.

Иако реализацијата на проектот сè уште не е целосно сигурна, неговото враќање на дневен ред доаѓа околу осум месеци откако норвешката влада објави дека се откажува од него поради прекумерни трошоци, пишува The Maritime Executive.