
НЛБ Банка АД Скопје преку официјално соопштение до Македонската берза информира дека реализираше трансакција со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана врз основ на склучен нов Договор за долгорочен заем во износ од 30 милиони евра.
Како што се наведува во објавата, трансакцијата е реализирана согласно Глава 6 од Правилата за котација на берзата. Словенечката Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен акционер на НЛБ Банка АД Скопје, со сопственички удел од 86.97% во вкупниот број на акции на македонската банка.











