
Во земјите од Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 144,3 милиони ноќевања се извршени во краткорочни сместувачки капацитети резервирани преку онлајн платформи како што се Airbnb, Booking и Expedia, објави Евростат.
Според податоците на Европската статистичка служба, ова претставува раст од 9,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Во споредба со првиот квартал од 2024 година, бројот на ноќевања е зголемен за 16,6 проценти, што укажува на континуиран раст на туристичката активност во Европската Унија, пренесува Танјуг.
Според регионалните податоци за последниот квартал од 2025 година, најпопуларна дестинација била Андалузија со 9,9 милиони ноќевања, пред Канарските Острови со 8,2 милиони и францускиот регион Ил де Франс со 7,2 милиони ноќевања.
Меѓу десетте најпосетувани региони во ЕУ, има пет региони во Шпанија, три во Франција и два во Италија.











