Бернар Арно мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра данок во Франција

Најбогатиот Европеец и претседател на француската луксузна групација LVMH, Бернар Арно, ќе мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра даноци во Франција, откако Административниот апелационен суд во Париз пресуди дека тој ги намалил даночните обврски во периодот од 2010 до 2015 година преку холдинг структура во Белгија.

Според порталот L’Informé, случајот се однесува на сопственичката структура на LVMH, во која семејството Арно го држи својот удел во компанијата преку неколку холдинг компании, на чиј врв е белгиската компанија Pilinvest, објавува белгискиот јавен сервис VRT.

„Семејството Арно нема директен удел во капиталот на групацијата, туку преку низа холдинг компании. На самиот врв на пирамидата е белгиската компанија Pilinvest, што му овозможува на семејството да ги намали даночните приходи во Франција“, се наведува во судската одлука.