Производствените цени во еврозоната пораснаа за 5,9 отсто на годишно ниво, најбрзо во последните три години

Индустриските цени на производителите во еврозоната пораснаа за 5,9 проценти на годишно ниво во мај, со најбрзо темпо од март 2023 година, објави денес Евростат.

На ниво на Европската унија, регистриран е годишен раст од 5,7 проценти.

Според тековните податоци, цените на производителите истовремено се зголемија за 0,2 проценти на месечно ниво, и во Еврозоната и во Европската Унија.