
Чешкиот милијардер Михал Стрнад преговара за купување на 14 отсто од акциите на италијанскиот производител на гуми Пирели од најголемиот акционер на компанијата, кинескиот државен конгломерат Синохем, а вредноста на оваа трансакција се проценува на нешто повеќе од една милијарда евра, пренесува Блумберг, повикувајќи се на упатени извори.
Доколку се реализира оваа трансакција, уделот на Синохем во италијанскиот Пирели би паднал на околу 20 отсто.
Сопственичката структура на Пирели долго време предизвикува загриженост за националната безбедност и споделување на податоци, особено во САД, еден од најголемите пазари на компанијата.











