
Германската влада планира да формира стратешки резерви на природен гас што би послужиле како заштита во случај на големи прекини во снабдувањето, потврди денес германското Министерство за економија.
Според планот подготвен од владата во Берлин, резервата треба да изнесува околу 24 терават-часови (TWh) гас, што одговара на приближно 10 проценти од вкупниот капацитет на германските складишта за гас, објавува „Виршафтсвое“.
Оваа резерва на гас не би била наменета за вообичаеното полнење на складиштата пред зимата, туку само за екстремни ситуации како што се саботажа на гасната инфраструктура, голем прекин на увозот или глобален недостиг на гас.











