Apple и Broadcom го прошируваат партнерството вредно над 30 милијарди долари за производство на чипови во САД

„Епл“ го проширува своето партнерство со производителот на чипови „Бродком“ преку повеќегодишен договор чија вредност треба да надмине 30 милијарди долари, што е најголемата производствена обврска на „Епл“ во САД досега.

Договорот, кој „Епл“ го објави во среда, вклучува производство на повеќе од 15 милијарди чипови во САД и инвестиција од 1,5 милијарди долари во проширување на објектот на „Бродком“ во Форт Колинс, Колорадо.

Apple не објави кога новите производствени капацитети треба да бидат во функција.

Broadcom долго време е снабдувач на Apple со компоненти за поврзување, но новиот договор дополнително ја продлабочува соработката во областа на чипови по нарачка произведени во САД.

Apple објави дека Broadcom ќе произведува безжични компоненти што им овозможуваат на Apple уредите да се поврзат со мобилни, Wi-Fi и Bluetooth мрежи.