Стапката на сиромашни во Македонија е 27,1% за 2011

42

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2011 година изнесуваше 27,1%. Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 23,8%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни невработени лица изнесува 48,7%, додека стапката на сиромашни вработени лица е 10,0%.

Државниот завод за статистика ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата по спроведувањето на Анкетата за приходи и услови за живеење, која е во согласност со препораките на Европската унија. Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.