Ford развива концепт на возило со соларни панели на покривот

174

ford solar 1

Американскиот произведувач на автомобили Ford развива прототип на нов хибриден автомобил кој преку покривот собира соларна енергија. Ford соопшти дека неговиот C-MAX Solar Energi ќе има соларни панели на покривот од кои ќе црпи енергија од специјални соларни колектори. Ford тврди дека овој систем го следи движењето на сонцето од исток кон запад, црпејќи доволно енергија од сончевите зраци, а акумулаторот се полни за четири часа.

Се проценува дека ова возило, кое ќе биде прикажано на Меѓународниот саем на потрошувачка електроника во Лас Вегас, ќе ја намали годишната емисија на гас со ефект на стаклена градина. Новиот систем има за цел да ја зголеми продажбата на електрични и хибридни возила.

Автомобилите кои се напојуваат со соларна енергија веќе се возат со години, но само во рамки на развојни програми. Во повеќето случаи, автомобилите се многу мали капсули и има место само за возачот. Предизвикот е да се најде начин да се собере доволно соларна енергија за да може возилото да се користи секој ден и да пренесува повеќе од еден патник.

ford 2

CMAX-Solar-Energi-ELEMENTS