
Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Мирјана Трајановска за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на банката, соопштија преку Македонската берза.
За оваа одлука веќе е добиена и официјална согласност од страна на Извршниот одбор на Народната банка. Новиот мандат на Трајановска е со важност до 29 јануари 2029 година, кога таа ги исполнува и законските услови за заминување во старосна пензија.
Трајановска ја посвети својата професионална кариера на Стопанска банка, градејќи широка експертиза во клучните области на банкарството и финансиите. Преку нејзиното лидерство, посветеност и длабоко институционално знаење, таа даде значаен придонес во работењето, трансформацијата и долгорочниот успех на Банката.
Промената е објавена согласно Глава 6 од Правилата за котација на берзата.












