
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека не е кандидат за никаква политичка функција во Франција, отфрлајќи ги шпекулациите дека би можела да ја напушти ЕЦБ за да води кампања за претседателските избори во земјата во 2027 година.
„Не сум кандидат за ништо, но многу ми е грижа Европа да биде заштитена и рамката во која функционираат земјите-членки, вклучително и Франција, да остане“, изјави Лагард во интервју за „Еуроњуз“.
Таа изјави дека ги следи политичките случувања пред претседателските избори во Франција закажани за април 2027 година и изрази надеж дека Франција ќе продолжи да игра важна улога во Европската Унија.









