Европска централна банка: Дури 90 отсто од евтините онлајн пратки во ЕУ пристигнуваат од Кина

Повеќе од половина од потрошувачите во Еврозоната купуваат стоки преку кинески онлајн платформи, првенствено поради ниските цени и големиот избор на производи, според анализа објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ).

Европската комисија проценува дека околу 90 проценти од сите пратки со ниска вредност што влегле во ЕУ во 2024 година од областа на онлајн трговијата доаѓаат од Кина.

Бројот на пратки се зголемил од 1,9 милијарди во 2023 година на 4,17 милијарди во 2024 година, што е поврзано со брзата експанзија на корисничката база на кинеските онлајн трговци на мало.

Употребата на кинески платформи како што се Temu, Shain и AliExpress значително варира меѓу земјите од Еврозоната.

Најголема популарност е забележана во Грција, Португалија и Шпанија, каде што повеќе од 70 проценти од потрошувачите посочија дека купуваат преку тие платформи.

Најмала употреба е забележана во Германија и Франција, каде што помалку од половина од испитаниците ги користат.

Европската централна банка вели дека кинеските платформи се особено популарни кај потрошувачите со пониски и средни приходи, но додава дека значителен број клиенти со повисоки приходи ги користат и овие услуги.