
„Дваесет и еден комерцијален аеродром со редовен патнички сообраќај во поранешна Југославија опслужиле вкупно 13.105.289 патници во периодот јануари – мај. Оваа бројка претставува зголемување за 1.074.294 патници во споредба со истиот период минатата година.
Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со зголемување од 375.766 патници во првите пет месеци од годината. Како шти пишува „Екс-ју авиејшн“ Скопје, беше најбрзорастечкиот аеродром во регионот, опслужувајќи дополнителни 360.589 патници во споредба со истиот период лани. Само во мај, Скопје забележа пораст на бројот на патници од 28,6%, опслужувајќи 355.929 патници. Овој раст е поттикнат од широката експанзија на Виз Ер во земјата.“

„Белград остана најфреквентниот аеродром во поранешна Југославија, со зголемување од 255.376 патници во периодот јануари – мај, и покрај тоа што се соочи со неколку неповолни ветрови, вклучувајќи го и намалувањето на услугите од страна на блискоисточните авиокомпании, меѓу кои и една од неговите најпрометни авиолинии, Флајдубаи . Дополнително, затворањето на Луфтханза Ситилајн значително ги намали операциите кон Минхен во поголемиот дел од април и мај.
На други места, по неколку години силен раст на патници, Приштина забележа пад на своите бројки. Само во април, бројот на патници се намали за 4% на годишно ниво. Се очекува аеродромот да се соочи со дополнителен притисок во наредните месеци поради значителните намалувања на фреквенциите и кратењата на мрежата од страна на неговиот најголем превозник, Џи-Пи Авиејшн . Во меѓувреме, помалите хрватски крајбрежни аеродроми беа погодени од суспензијата на домашните летови со обврска за јавна услуга (PSO) со кои оперира Трејд Ер (Trade Air), откако хрватската влада не успеа да го започне тендерскиот процес за нов четиригодишен договор за домашни услуги во рамките на предвидениот рок. Јавен повик сè уште не е објавен, меѓутоа, Трејд Ер најави продолжување на домашните летови до средината на јули.“











