Синдикална кошничка за јули: 68.498 денари без кирија, над 83.800 со изнајмен стан!

Синдикалната минимална плата во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за 156 денари во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната минимална кошница е 83.873,00 денари.

Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци. За оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.

Следни на листата се трошоците за образование со 7.192 денари или 10,5 проценти, облеката и обувките со 6.511 денари (9,5 проценти), како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.379 денари (9,3 проценти).

Во останатите категории, трошоците за ресторани и хотели изнесуваат 4.131 денар, за лична хигиена и одржување на домот 2.667 денари, за здравје 1.196 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Фото: Gemini