
Цените на нафтата, по неколкудневен силен раст, паднаа утрово. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна за 0,83 проценти, на 88,50 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,88 проценти, на 82,50 долари.
На девизните пазари, пак, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 100,96 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,69 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 162,35 на 162,50 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1415 долари, додека вчера во ова време беше 1,1445 долари.











