
Цените на нафтата пораснаа во четврток по извештаите за напади врз танкери во Црвеното Море и заканата на претседателот Доналд Трамп за „масовен напад“ врз Иран.
Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент ја надминаа границата од 100 долари за барел за прв пат од 26 мај. Меѓународната референтна цена порасна за околу седум проценти и затвори на 100,69 долари. Цената на суровата нафта се зголеми за околу шест проценти и заврши на 92,19 долари.
Утрово брент се тргува за 99,01 а ВТИ за 90,62 долари, според податоците н OilPrice.
CNBC објави дека цените на нафтата се зголемиле за повеќе од 30 проценти овој месец поради порастот на конфликтот на Блискиот Исток.
Хутите сојузници на Иран во Јемен изјавија дека со беспилотни летала и ракети нападнале два саудиски танкери за нафта поради кршење на поморската блокада што ја прогласија против Ријад оваа недела.
Трамп рече дека САД ќе го сметаат Иран за одговорен за какви било идни напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море, заканувајќи се со „голема воена казна“ против Техеран и милитантите во Јемен.
Претседателот потоа во интервју за Аксиос рече дека „размислува за масовен напад“ врз Иран. „Поголем од кога било досега. Блиску сум до донесување одлука. Сите сме подготвени за тоа“, рече Трамп за Аксиос.











