
Просечната мајска нето-заработувачка во Србија изнесуваше 118.398 динари (околу 1.010 евра), додека бруто-заработувачката, односно платата со даноци и придонеси, изнесуваше 163.470 динари (околу 1.395 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.
Медијалната нето-заработувачка за мај изнесуваше 93.277 динари (околу 796 евра), што значи дека 50 проценти од вработените примиле плата до овој износ.
Растот на бруто-заработувачките во периодот јануари-мај оваа година, во однос на истиот период лани, изнесуваше 11,1 процент номинално, односно 8,0 проценти реално, додека просечната нето-заработувачка е поголема за 11,3 проценти номинално, односно за 8,2 проценти реално.











