
Hафтата Brent утрово падна под прагот од 97 долари по барел. Во исто време, американската WTI нафта се спушти под границата од 90 долари и се тргува по цена од 89.31 долари по барел, што претставува намалување од над 3% (-3.12%).
Цените на нафтата вчера паднаа за повеќе од пет проценти по извештаите дека Пакистан, поддржан од Кина, се обидува да ги обнови разговорите меѓу САД и Иран.
Ова ги поттикна очекувањата дека дипломатското решение би можело да придонесе за ублажување на тензиите на Блискиот Исток, објави „Трејдинг економикс“.












