Застој на границите со Грција утре наутро

Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од грчките власти е добиено официјално известување за протест што ќе се одржи утре на 27.07.2026 (понеделник) од страна на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од Министерството апелираат граѓаните навреме да го планираат патувањето и да бидат подготвени за можни задржувања на граничните премини. Воедно, најавуваат дека ќе бидат ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси за да се обезбеди непречено функционирање на сообраќајот од македонска страна и навремено информирање на патниците.