Аеродромот во Истанбул собори европски рекорд: Повеќе од 289.000 патници за еден ден

„Новиот рекорд докажува дека нашиот аеродром е глобален центар за транзитни патници“, рече Уралоглу.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, објави дека аеродромот во Истанбул опслужил 289.260 патници во саботата, 1 август, што е најголем дневен патнички сообраќај досега во Турција и Европа.

Како што истакна, стратешката важност на овој аеродром во меѓународната авијација продолжува континуирано да расте. Тој потсети дека аеродромот во Истанбул е меѓу водечките аеродроми во светот благодарение на своите капацитети, силната инфраструктура и високиот квалитет на услугата.

„Новиот рекорд докажува дека нашиот аеродром е глобален центар за транзитни патници“, рече Уралоглу.

Според Генералниот директорат на администрацијата на државните аеродроми (DHMI), аеродромот во Истанбул опслужил вкупно 39,92 милиони патници помеѓу јануари и јуни оваа година, што е повеќе од 39,25 милиони патници во истиот период минатата година.

Зголемувањето на бројот на патници првенствено се должи на меѓународниот сообраќај, каде што бројот на патници на аеродромот во Истанбул се зголеми за два проценти во првата половина од оваа година и достигна 31,7 милиони, додека домашниот патнички сообраќај остана речиси непроменет на 8,24 милиони патници, пишува весникот „Хуриет“.